Итен состанок на министрите на ЕУ

Се подготвува ли Русија за интервенција во Украина?

Според тврдењата на властите во Киев, Русија на границата со Украина испратила воени сили, односно 45 илјади војници, 160 тенкови, 1360 оклопни возила и 192 борбени авиони.

Изминатава недела се посилни се предупредувањата кон Украина и западните земји за можната руска интервенција во источниот дел на соседната земја. Според тврдењата на властите во Киев, Русија на границата со Украина испратила воени сили, односно 45 илјади војници, 160 тенкови, 1360 оклопни возила и 192 борбени авиони.

И НАТО неодамна предупреди дека постои индикација за Москва да ги повлече своите сили како и дека постои голема веројатност за руска воена имплементација во источниот дел на Украина.

На итниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ кој ќе се одржи во петок во Брисел а кој е посветен на кризата во Ирак ќе се разговара и за кризата во Украина. Состанокот ќе почне на пладне и преставува прва средба на министрите за надворешни работи на ЕУ од воведувањето на строгите економски санкции кон Русија.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари