Трагедија

Тинејџерка се фрли од зграда во Кисела Вода

Засега не е познат идентитетот на девојчето, ниту пак кој е мотивот за самоубиството.

фото: Телеграф.мк/ Влатко Перковски

Во скопската општина Кисела Вода голема трагедија ги потресе жителите.

Според информациите до кои дошол порталот, тинејџерка на возраст од 19-години си го одзеде животот скокајќи од зграда.

Засега не е познат идентитетот на девојчето, ниту пак кој е мотивот за самоубиството.

На местото на трагичниот настан се екипите на полицијата. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари