Топ 10

Албанизација и егеизација

1. Новиот амбасадор во Македонија на Кралството Британија и уште по некој мал остров, Чарлс Гарет, во интервјуто дадено за портал спонзориран од германската тајна служба БНД ептен е загрижен што нашата Влада сака да воспостави слободни финансиски зони. Демек, имале "природен интерес"!!! Природниов интерес дали доаѓа од можноста малото британско островче Ајсл Оф Мен во Ирското Море да ја загуби актуелноста?

2. Бидејки Героски "подели“ купишта награди на сите што му пречат, а предизвикан од наградата што ја доби претседателот Иванов, редно е и ја да му врачам награда. Па така, наградата за "Природна лепота и око соколово“ оди во рацете на Бранко Лепотанот Героски. Мислам, заслужено е. Таква лепота и фокусиран поглед природата досега нема створено.

3. Во старата татковина СФРЈ во Македонија постоеше градација за природна непогода со несогледливи последици. Па така, од најмалку лошо кон непоправливо лошо, градацијата одеше вака: Ката Строфа, па Ката Клизма и крајно Ката Лактова.
Еве, дочекавме римејк на градацијава: Премиер Бранко, па Претседател Бранко и крајно Циклон Бранко.

4. Екс вмровецот, екс членот на Алијансата, тазе сдсмовецот, инаку џиџи-миџи бизнисмен од Крива Паланка, Марјан Стаменковски, напуден е од порталот на нетокму особа од Кратовско, па заминал во ортаклук во нов портал со уште поненормална особа (човек да пишам ептен би бил комплимент), ама овој пат прилепчанец. Но, не се секирајте! Уредничката политика останува иста. Дреме на Фејсбук фан страната на Миленко и прави од тоа "ексклузивни# вести. Доследен е кривопаланчанецот, нема што.

5. Македонија има многу ендемски видови на растенија и животни. Во мариовскиот крај имало дури и ендемски вид на сифилис. Куриозитетите продолжуваат преку ендемскиот вид на фашизам што го промовираше излапениот генерал Тодор Атанасов. Зошто ендемски? Па, затоа што секаде во светот фашизмот на сцена го враќаат млади луѓе како тие од Златна зора, Јовик, холандските и германски фашисти, фашистите од балтичките земји, од Украина... Само кај нас фашизмот се разбуди преку не-човек што му избегал на гробарот од пред лопата. Мора да се разликуваме по нешто, и тоа ти е.

6. Во врска со фашизоидните ставови на Тодор за егеизација на Македонија беломорецот Атанас Кировски Саки не реагираше на својата телевизија Телма! Изгледа, тргнат е дебело по стапките на дедо му.

7. Да напишев ја дека ми е преку глава од албанизација на Македонија веднаш ќе нарипаа разните штитачи на човекови права и оценувачи на говор на омраза. Оние де, финансирани од британска, холандска, американска амбасада... Но, кога Тодор Атанасовски пишува дека му е преку глава од егеизација, е тогаш сите тие громогласно молчат. Навиени се и платени само да го напаѓаат својот народ. Да ги бранат нашите сонародници со потекло од Беломорска Македонија никако не им е на агендата.

8. Владимир Милчин си даде сам на себе интервју! На кавадаречкиот портал "Мојот град“, кој функционира од парите на Соросовата фондација преку проектот "ЕУ проект“. Проектов, демек, го води Сашко Петров, советник на СДСМ во Општина Кавадарци. Петров од "ЕУ проект“ и Чире Бебеџеков од "Мојот град“ имаат основен проект да ги испокараат навивачите на Тиквеш (Лозари) меѓусебе. Позитивно е што Бетијан Китев се откачи од ова друштво.

9. Џабир Дерала се самонарече себеси "слободољубив поединец“. И како таков имал можност своите слободољубиви ставови да ги донесе до јавноста "само# преку две телевизии, два весника, најмалку 6 њуз портали... Ако се погледаат наброените телевизии, весници и портали, ќе се види дека сите до еден се разнебитувачи на Македонија. "Слободољубивиот“ Дерала смета дека е слободољубивост доколку се бориш за менување на името и идентитетот, давање преку леб и погача на малцинствата, барање да има странска интервенција (окупација) врз сопствената суверена држава. Многу слободарски, Џабире. Многу.

10. Па, нели го "ослободивме“ Ирак? Нели го "најдовме“ хемиското оружје?! Нели Садам го обесивме? Нели "шолдер-ту-шолдер“?! Нели демократија, тоа-оноа, човекови права...? Што е сега ова, пак бомбардирања? Баш би сакал да чујам некоја умна дума од Волерс. Ајде машко.

 

Најнови вести

Коментари