1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Јахјага: Северот мора да се интегрира во Косово

Критики за бугарските служби по атентатот во Бургас

Успех или засрамувачки спектакл?

Бомбаш-самоубиец се разнесол во Бургас

  • Масовна појава на мобилни телефони

    Победоносниот поход на мобилните телефони

    Масовна појава на мобилни телефони

    Многу луѓе не можат да го замислат животот без мобилни телефони. Малото чудо на техниката одамна е повеќе од мобилен телефон. Во Германија триумфот на мобилните телефони почна пред половина век, кога првпат беа употребени во оваа земја. Пуштањето во употреба на мобилната мрежа пред 20 години го промени начинот на комуникација.

  • Прв мобилен телефон

    Победоносниот поход на мобилните телефони

    Прв мобилен телефон

    Историјата на мобилни телефони почна во 1958. година кога германската пошта ја претстави првата мобилна мрежа. Апаратот беше тежок околу 16 килограми и заземаше половина куфер. Секој телефон чинеше околу 15 илјади марки и го користеа главно политичарите и бизнисмените.

  • Да те повикам?

    Победоносниот поход на мобилните телефони

    Да те повикам?

    Во 1972. година беше воведен нов вид на мрежа која им овозможуваше на претплатниците да изберат број и да одговорат на повик. Но, за да повикаат, корисниците мораа да знаат во која област е бројот, за да изберат соодветен код. Мрежата покриваше 80 проценти од територијата на Германија, а се прошири и на други земји, како Австрија, Холандија и ЛУксембург.

  • Телефон во движење

    Победоносниот поход на мобилните телефони

    Телефон во движење

    Мрежата воведена во 1986 година донесе големи иновации. Секој корисник доби број кој можеше да се добие ширум цела Германија. Благодарение на новата технологија, немаше прекини на разговорите, а стана можно испраќањето и примањето факсови.

  • Прв

    Победоносниот поход на мобилните телефони

    Прв

    Во летото 1992 година Германија активираше две мрежи, "DeTeMobil" i "Manesman". Почна времето на дигитална мобилна комуникација. Благодарение на напредокот на мобилните телефони, корисниците можеа да повикуваат броеви и ширум Европа. Тогаш се појави првиот современ телефон, Нокиа 3200, со цена од 3 илјади марки.

  • Почеток на работа на третиот оператор

    Победоносниот поход на мобилните телефони

    Почеток на работа на третиот оператор

    Третиот мобилен оператор, E plus, се појави во 1994 година со седиште во Берлин и ја покриваше целата земја.Тој со илјада мобилни келии обезбедуваше стабилна врска, помало оптоварување на мобилните апарати, со самото тоа и на батериите. Тоа овозможи и производство на помали, поевтини и полесни телефони.

  • Имате порака

    Победоносниот поход на мобилните телефони

    Имате порака

    Кон средината на 1990-те години оние кои не можеа да си дозволат мобилен телефон, а сакаа да имаат секојдневна комуникација, купуваа пејџер, со кој можеа да праќаат и примаат пораки. Освен тоа, овие апарати брзо се ширеа како меѓу бизнисмените, така и меѓу младите луѓе. Денес пејџерот веќе не е во употреба.

  • Внимание, СМС!

    Победоносниот поход на мобилните телефони

    Внимание, СМС!

    СМС-сервисот дебитираше во 1994 година. Замислен како сервис низ кој корисниците комуницираат преку провајдерот поради евентуалните технички проблеми на мрежата, сервисот со овие кратки пораки набрзо стана популарен и стана најчеста форма на комуницирање.

  • Телефон за секого

    Победоносниот поход на мобилните телефони

    Телефон за секого

    Понудата на мобилни телефони на пазарот порасна во 1997 година. Се појавија нови модели, подобро дизајнирани. Воведувањето припејд картички со евтини модели доведе до масовна побарувачка на мобилните телефони во Германија. Во 2000. година бројот на корисници на мобилни телефони во Германија го надмина бројот на корисници на фиксни телефони - 48 милиони луѓе.

  • Како швајцарски нож

    Победоносниот поход на мобилните телефони

    Како швајцарски нож

    Техничкиот развој брзо напредуваше: екран во боја, музички и видео функции се само некои од иновациите. Во 1999 година е воведен и мобилен интернет. Благодарејќи на WAP i GPRS-технологијата, корисниците сега можеа да ги отворат омилените интернет презентации на своите мобилни телефони. Подоцна се појави и првата мобилна e-mail пошта, како и телевизија.

  • Претпоследна генерација

    Победоносниот поход на мобилните телефони

    Претпоследна генерација

    Следниот технолошки чекор беше во 2000 година кога мобилните оператори од државата ја купија UMTS-лиценцата за 50 милијарди евра. Новата технологија значително ја подобри интернет конекцијата: побрзо пребарување и видео-разговор станаа секојдневие за корисниците на мобилни телефони.

  • Револуција

    Победоносниот поход на мобилните телефони

    Револуција

    Појавата на т.н. смарт телефони донесе мала револуција. Блекбери разви посебна услуга за електронска пошта и разговори, што ја олесни работата на стопанствениците. Во 2007 година новиот производ на фирмата Епл (Apple) - Iphone, предизвика бура на пазарот. И покрај почетната цена од илјада евра, апаратот стана еден од најиновативните и најмасовно користени производи.

  • Мобилно општество

    Победоносниот поход на мобилните телефони

    Мобилно општество

    Мобилниот телефон постепено го менуваше и општеството. Секој Германец има просечно 1,4 мобилни телефони, во разговор поминува 42 часа годишно и праќа во просек околу 700 пораки. Најомилени се смарт телефоните, во 2012 година нивниот број веројатно ќе ја премине бројката од 18 милиони, што е двапати повеќе од очекуваното.

  • Визии на иднината

    Победоносниот поход на мобилните телефони

    Визии на иднината

    Се очекува и почетокот со работа на четвртата генерација мобилни телефони. Куќите, автомобилите и канцелариите ќе бидат поврзани и контролирани со овие апарати. Развојот на смарт телефоните уште не е завршен. Плаќањето преку мобилен телефон или контролата со движење на очите веќе се во развој.


    Автор: Михаел Хартлеп/Жана Ацеска | Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

ТВ магазин - Европанорама