29.06.2012
По смртта на Султан Селим Хан, на тронот се качува десеттиот Султан, синот на Султан Селим Хан, Султан Сулејман.По ненадејната смрт на својот татко, младиот Султан од палатата во Маниса заминува во Топкапи палатата во Истанбул.Се разбира таму го очекува бурен, активен и живот полн со интриги и харемски тајни. Додека младиот Султан се запознава и ги именува своите Султански везири,животот во палатата станува многу поинтересен.Имено во харемот на палатата се носат робинки од разни места низ светот кои понатаму се едуцираат и стануваат жени на Султанот.Меѓу нив се наоѓа и Александра, ќерката на свештеникот од Крим. Ќе успее ли таа да стане најпосакуваната жена на Султан Сулејман?
Новиот владетел носи нова енергија и ентузијазам во Османлиската Империја.Правдата е негово мото по кое се предводи во владеењето.Тој смета дека неправедниот и нечесниот треба да се казни.Токму затоа уште на почеток, без да му трепне око, го обезглавува генералот на водите, Џафер Ага за кои знаеја дека заработува на нечесен начин барајќи арач (мито) од египетските трговци.
Изберете број на епизода чија содржина сакате да погледнете